Поврзете се со нас

Конференциска лига

Конте потврди дека Тотенхем ќе ја тужи УЕФА за елиминацијата од Конференциската лига

Објавено

на

Тотенхем не може да се помири со административната елиминација од Конференциската лига, па планира да ја тужи УЕФА за регистрацијата на спорниот натпревар со Рен.

Средбата не беше одиграна поради големиот број позитивни случаи на ковид-19 во редовите на Тотенхем, а откако не беше пронајден нов термин, УЕФА реши да му го додели натпреварот на Рен со службени 3:0.

Тоа значеше дека Тотенхем е елиминиран од Конференциската лига, а Рен и Витесе ги продолжуваат настапите.

– Искрено, за мене, за клубот и фановите, одлуката на УЕФА делува неверојатно.

– Сигурно не е фер, ние сакавме и заслуживме да се бориме за пласман во следната фаза на терен, многу сум разочаран поради носење административна одлука. Одлуката не е официјално потврдена, но ако биде, ние ќе го направиме следниот потег. Можеби се инволвирани некои приватни интереси, – рекол Конте.

Тотенхем може да се жали до Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни