Поврзете се со нас

Италија

Конте потврди дека ќе ги разгледаат понудите за фудбалерот кој изгледаше дека е „недопирлив“ во Интер

Објавено

на

Интер во текот на вчерашниот ден славеше доста драматична победа од 4:3 против тимот на Фиорентина во за нив воведниот натпревар од Серија А.

Антонио Конте овој натпревар го започна без словачкиот стопер, Милан Шкриниар за кого кажа дека неговото изоставање од тимот било поради технички причини.

Словакот во последно се поврзува со трансфер во редовите на Тотенхем, а сега Конте потврди дека до крајот на преодниот рок ќе ги разгледаат сите примамливи понуди кои ќе стигнат на нивна адреса за овој играч.

– Сметам на Шкриниар како дел од нашиот проект, неговото изоставање од вечерашниот натпревар беше од техничка природа.

– Доколку добиеме некоја значајна понуда за играчот, клубот истата ќе ја разгледа. Заедно со одборот ја знаеме ситуацијата, отворени сме за секоја солуција, -изјави Конте.

Милан Шкриниар до лани беше буквално недопирлив и Интер одолеваше на сите трансфер напади од Манчестер Јунајтед и ПСЖ кои беа заинтересирани за играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни