Поврзете се со нас

Италија

Конте по вестите за негова преселба во Наполи: Сега само сакам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Руди Гарсија не ги оправда очекувањата во Наполи и се чини само прашање е само на време кога ќе заработи отказ од клубот кој минатата сезона го освои Скудетото во Серија А.

Првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис не е задоволен и веќе има прашалници околу работата на Гарсија што доволно говори дека се спрема терен за негова смена. Неколку имиња се појавија во медиумите како можни решенија, наследници, а во овие неколку дена најмногу се говори за Антониот Конте кој во моментов е без ангажман.

Овие вести допреа и до самиот стратег кој ги искористи социјалните мрежи и посочи што во моментов е неговиот главен фокус.

-Упорно слушам гласини ои ме поврзуваат со важни клубови, но потврдувам дека засега сè што сакам да направам е да одвојам време и да уживам во моето семејство, -порача Конте на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни