Италија
Конте по разочарувачкото реми: Ова што го правиме е неверојатно

Наполи пропушти огромна шанса да отиде на „плус шест“ и да го зголеми притисокот врз Интер пред денешниот дерби натпревар против Фиорентина, откако тимот на Антонио Конте вчера само ремизираше со Удинезе на домашен терен.
Лидерот во Серија А одигра 1:1 и не успеа да постигне втор гол во мрежата на гостите, па сега предноста на Наполи може да падне на само еден бод доколку Интер вечерва го одбрани домашниот терен.
Неочекуваното реми донесе мало разочарување на стадионот „Диего Армандо Марадона“, но Конте уверува дека не смее да има таква атмосфера, особено поради тоа што смета дека тимот се надминува себеси со освоените бодови во Серија А.
– Треба да гледаме само на нашиот напредок како тим, ова беше пропуштена шанса да го зацврстиме местото во Европа наредната сезона, но реми против Удинезе и не е така лошо.
– Не смееме да ја мешаме реалноста со тоа што ние го правиме на теренот. Реалноста е едно, а тоа што го правиме ние е неверојатно. Момците го напуштија теренот исцедени, дадоа се за да стигнат до победа, но не успеаја во тоа. Ова беше деветти натпревар на кој сме без пораз, па затоа од срце велам дека ова што го правиме е неверојатно, ги надминавме сите очекувања, – потенцира Конте.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)