Италија
Конте: Ова е еден од деновите кога мразам што сум тренер

Блесокот на Наполи во првите 20 минути беше доволен за да се извојува дерби победа над Милан, натпревар на кој Антонио Конте мораше да прави и претумбации во стартната постава непосредно пред мечот.
Поради вирусни симптоми пред самиот старт на натпреварот, Скот МекТомини изостана од почетните 11 на Наполи и воопшто не беше во тимот на „небесно-сините“, па Конте мораше да бара принудни солуции и целосно да го промени системот, давајќи им шанса на играчи кои планирал да ги одмори.
– Останавме без МекТомини во последен час и морав да ја променам цела тактика, цела формација. Планот беше да стартуваме со Распадори во формација 4-4-2, МекТомини требаше да игра лево, бидејќи не планирав да ризикувам со Нереш после толку време.
– Ангиса исто така не беше целосно опоравен и игравме со незаздравени играчи. Ова беше типичен ден кога мразам што сум тренер. Го подготвив цел натпревар на целосно поинаков начин и морав да менував во последната минута. Ова беше многу тежок ден, барав и лекови за смирување поради главоболките кои ги добив, – изјавил Конте пред италијанските новинари.
Победата на Наполи од 2:1 му овозможува на неговиот тим да остане како единствен кој го следи Интер, па Антонио веќе не одрекнува дека „наполитанците“ се кандидати за трофејот.
– Победата против Милан беше клучна, ако не го направевме тоа, речиси половина титула ќе одеше кај Интер. Следниот меч со Болоња ни е многу тежок, но мора да останеме блиску до лидерот. После осум месеци напорна работа, ќе биде лудо да не веруваме во нешто извонредно. Знаеме дека Интер е цврст како тенк, според мене, тие се убедливо најдобриот тим, тим на друго ниво во однос на другите во лигата. Се уште сме блиску до нив и ќе видиме што ќе се случи. Ако ни заздрават сите играчи, може да имаме свој збор, но само ако се случи тоа, во спротивно не би имале шанси, – потенцира Антонио.
-
Свет22 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија20 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија18 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија19 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА17 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија21 час
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА7 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона