Конте откри што му дошепнал на Алексис во тунелот на „Стемфорд Бриџ“

aleksis-antonio

Челси и Арсенал пред неколку дена одиграа навистина доста разочарувачки меч во полуфиналето во Карабао купот, а со оглед на тоа што не беше воопшто возбудливо на теренот, најинтересниот момент пристигна од тунелот на „Стемфорд Бриџ“, односно мистериозното дошепнување кое го имаше Антонио Конте до Алексис Санчез.

Англиските камермани го уловија моментот кога менаџерот на Челси му дошепнува нешто на големата чилеанска ѕвезда која дербито го започна од клупата за резерви, но денеска Конте ја стави во втор план оваа ситуација, образложувајќи дека не му кажал ништо посебно и дека не му испратил никаква понуда за да дојде во неговиот тим.

– Му реков само здраво и тој учтиво ми возврати. Немаше ништо повеќе и нема потреба да се прават приказни од ова. Тој е фантастичен играч и добро знае дека го сакав во мојот Јувентус кога се обидовме да го купиме од Удинезе. Тогаш тој одлучи да замине за Барселона, не кријам дека многу го почитувам како играч, па ова беше одлична шанса да го поздравам, – открива Конте, кој во продолжение додава дека повеќе од убеден е дека Санчез ќе заврши во Манчестер Сити.

– Ако Манчестер Сити го сака Алексис Санчез, тогаш тие ќе го купат. Тие немаат проблем со парите и околу реализацијата на ваква инвестиција. Мислам дека тој е навистина добра инвестиција, бидејќи за тие пари ќе добиете топ играч. Слушнав дека сумата би изнесувала околу 20 милиони фунти. Велам дека Сити ќе го купи поради тоа што се случи во минатото. Кој играч и да го посакаа, тие на крајот го добија, – завршува Италијанецот.

Facebook Коментари