Поврзете се со нас

Англија

Конте откри кој тензичен момент се покажал како пресвртница за титулата која ја освои во Премиер лигата

Објавено

на

Првата пресметка меѓу Антонио Конте и Жозе Мурињо во Премиер лигата не мина незапазено, бидејќи двајцата стручњаци изрежираа доста тензична сцена по крајот на големото дерби кое за Португалецот значеше враќање на „Стемфорд Бриџ“ една година по завршувањето на втората етапа во Лондон.

Тимот предводен од Конте победи со 4:0 и буквално го преслуша составот од Манчестер, а Конте со своите жестоки прослави и начинот на кој ја „палеше“ публиката го испровоцира Мурињо кој имаше што да му каже уште на теренот.

Конфронтацијата продолжи и во прес-центарот и неколку месеци подоцна при нивните излагања во јавноста, па сега речиси четири години подоцна, Конте посочи дека токму тој натпревар бил пресвртница за неговиот Челси кој истата сезона ја освои титулата во Премиер лигата.

– Моите прослави се такви, ја доживувам оваа работа на интензивен начин. Јасно ја искажувам мојата страст и сакам да ја споделам радоста со фановите. Имав фантастична врска со фановите на Челси. Натпреварот со Јунајтед беше многу важен за нас, се покажа како пресвртница. Победивме топ тим со 4:0 и нашата самодоверба се вивна во облаци, знаевме дека можеме да се бориме за титулата.

– По тој натпревар, создадовме одлична врска со нашите фанови и домашните натпревари беа многу важни за нас, – објаснува Италијанецот за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни