Поврзете се со нас

Италија

Конте одговори на критиките: Не добивме ништо од убавиот фудбал во Лигата на шампионите

Објавено

на

blank

Интер веќе има 11 бодови предност во однос на второпласираниот Милан и се чини дека со победата над Сасуоло веќе може да размислува за освојување на титулата првпат по 2010 година.

Дел од фановит сепак негодуваат поради стилот на игра кој го наметнува Конте, а со кој домаќините имаа само 30 проценти од поседот на топката во победата над Сасуоло.

Конте вели дека скудетото е преважно за да биде ризикувано со офанзивен фудбал.

– Естетиката е важна, но освојувањето на титулата е уште поважно. Игравме убав фудбал во Лигата на шампионите, но сите ни велеа дека сме елиминирани. Затоа сега се фокусираме само на резултатите.

– Не сме ја завршиле работата, секој следен дуел ќе тежи по шест бодови, но ќе биде убаво доколку ние бидеме тие што ќе ги тргнат од пиедесталот оние кои ја освојуваа титулата девет години по ред.

– Очекувам да расте тензијата и затоа мора да бидеме внимателни, – изјавил Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни