Поврзете се со нас

Англија

Конте објасни зошто Лукаку имаше кошмарно враќање во Челси

Објавено

на

Ромелу Лукаку имаше сезона за заборав во Премиер лигата по кам-бекот кој го направи во Челси, враќање кое се претвори во вистински кошмар за него, без оглед на тоа што „лондонските сини“ издвоија 115 милиони евра за негов ангажман.

Големото засилување стана вистинско разочарување и воопшто не се вклопи во системот на Томас Тухел, и покрај тоа што првите натпревари по враќањето беа добри и до израз доаѓаше моќта која ја презентираше во Интер.

Со текот на сезоната, Лукаку западна во криза и имаше натпревари на кои едвај ја допираше топката, а Конте како негов поранешен тренер во Интер, сега објасни што му се случило на Белгиецот минатата сезона.

– Лукаку дефинитивно има потенцијал да игра во Премиер лигата, се сеќавам дека сите вие медиумите велевте дека е многу моќен и силен кога ја започна сезоната со Челси. За жал, во фудбалот многу работи влијаат да ви падне самодовербата.

– Сигурен сум дека е разочаран од влијанието кое го имаше, но има време да се поправи. Сега се врати во важен клуб во Италија за да ја врати самодовербата. Пред да дојде во Челси, Ромелу живееше две години во Милано и таму беше крал. Фановите му презентираа голема љубов и страст и тој е момче на кое му е потребно такво нешто за да биде најдобар. Поради таа причина се врати во Интер, – смета Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни