Поврзете се со нас

Англија

Конте објасни зошто ја одбил прималивата понуда од Тотенхем

Објавено

на

Иако се пренесе дека Антонио Конте е во напредни преговори со Даниел Леви за преземање на Тотенхем, оваа операција доживеа колапс во период од само неколку часа, откако беше потврдено дека угледниот италијански стручњак на крајот на одбил понудата и решил да ја одложи одлуката за решавање на своајта иднина.

Конте е отворен за враќање во Премиер лигата и ќе беше навистина сензационално доколку го преземеше тимот кој доскоро го водеше Жозе Мурињо, но во ситуација кога Паоло Фонсека се наоѓа пред потпис, Конте одработи интервју за „Газета“ и накратко објасно зошто одбил да го преземе Тотенхем.

– Генерално гледано, во приватниот живот и во фудбалот, сакам големи предизвици и имам прифатено многу големи во мојата кариера. Последен таков голем предизвик беше Интер.

– Јас не сум опседнат со парите, тоа не беше пресудно. Јас го гледам проектот со поширока слика и подготвен сум да останам дома, без оглед на парите кои ќе ми бидат понудени.

– Ако не ме задоволи проектот, подготвен сум да останам дома и да не работам. Сакам предизвици, но кога еден клуб не може да ме убеди во совјот проект, претпочитам да кажам „Не, ви благодарам“, – објаснува Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни