Поврзете се со нас

Италија

Конте незадоволен и покрај победата, го опомена летното засилување на Наполи

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте се претвори во фудбалски перфекционист низ годините и секогаш се лути кога нема да се одработат ситни детали кои за него се многу важни, па така отворено говори за лошите перформанси на својот тим и во ситуација кога се освојуваат трите бода.

Наполи денеска не брилјираше на гостувањето кај Емполи, но и покрај тоа успеа да победи со 0:1 и да остане сигурен лидер на табелата и после осум комплетиран ирунди во Серија А, нешто што дефинитивно е најдобар вест од денешниот меч на „Карло Кастелани“.

– Кога предупредувам за нешто пред натпреварите, не го правам тоа за да се заштитам себеси. Емполи е еден од најцврстите тимови во Серија А и навистина се мачевме. Никој немаше постигнато гол на овој терен и видовме дека се многу опасни.

– Мора да напоменам дека воопшто не ми се допадна првото полувреме, игравме бавно и неинвентивно. Можеби влијаеше и фактот што Наполи нема баш добра статистика на гостувањата кај Емполи, – изјави Конте, кој јавно го опомена и Били Гилмор кој денеска беше стартер на местото на повредениот Лоботка.

– Гилмор може да ни понуди многу во средниот ред, но денеска беше премногу срамежлив, особено во првиот дел. Целиот тим имаше лош пристап и успеав да ги освестам момците на полувреме. Во вториот дел бевме подобри и постигнавме гол, иако немаше да се буниме ако Емполи израмнеше и освоеше бод, – изјави Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни