Италија
Конте не се појави на прес поради трагична вест, Наполи откри за што се работи (Фото)
Наполи ја освои Фиренца и забележа убедлива победа со резултат 0:3, но победата за жал останува во сенка на тоа што се случило претходно во текот на денот.
Гостите од Неапол не се израдуваа на победата на „Артемио Франки“ против Фиорентина поради големата загуба за сите претставници од првиот тим, односно смртта на младото момче Даниеле кое изминатите неколку месеци прерасна во заштитно лице на наполитанците.
Стануваше збор за 13-годишно момче кое се бореше со леукемија, но откако вчера попладнето пристигнало вест дека истото ја загубило најважната битка, Антонио Конте решил да не се појави на пресот.
Поради тоа што бил еден од најблиските со младото момче, потресениот тренер на Наполи побарал дозвола да не се појави пред новинарите, па објаснување за неговото отсуство даде асистентот Стелини.
– Среќни сме за победата, но истовремено претрпевме огромна загуба денеска. Детенце кое беше многу блиско до нас, за жал денеска ја загуби најважната битка. Ова попладне добивме вест дека починало. Конте не се почувствува подготвен да дојде да зборува на пресот, а јас оваа прилика ја користам за да испратам поддршка до неговото семејство, но и до сите семејства кои се борат со слични болести. Збогум Даниеле, – порача Стелини.
Емотивна порака испрати и првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, како и капитенот Ди Лоренцо.
– Драг Даниеле, ти ни овозможи да имаме многу месеци исполнети со радост. И покрај твојата болест, ти се движеше со сила, храброст и уживање. Ти ја посветуваме оваа победа тебе и знаеме дека ќе продолжиш да не гледаш од горе со истата љубов. Засекогаш ќе останеш во нашите срца, – порача Де Лаурентис.
– Засекогаш ќе бидеш дел од нас. Збогум Даниеле, – кратко порача Ди Лоренцо.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија21 час
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Репрезентација23 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!