Поврзете се со нас

Италија

Конте: Не сакав, ама ќе паузирам нареднава сезона

Објавено

на

Искусниот италијански стратег, Антонио Конте ќе направи пауза и нема никого да води во нареднава сезона.

Конте успеа по долга пауза да ја врати титулата од Серија А во витрините на Интер, но клубот од Милано се соочува со финаниски проблеми, вложувањата нема да бидат исти, па стратегот одлучи да се раздели со „нероаѕурите“.

Се споменуваа Тотенхем и Реал Мадрид како можни нови дестинации за Антонио, ама сепак не дојде до договор и сега тој реши да ги полни батериите во нареднава година.

-Не сакав, но следната сезона ќе ја поминам учејќи и истражувајќи одредени ситуации. Би сакал максимално да ја искористам оваа несакана ситуација, ама се во ред. Ќе го искористам периодот за да бидам повеќе со моето семејство и да гледам фудбал. Тоа е спорт кој постојано се развива, -рече Италијанецот кој даде коментар за Кристијан Ериксен кој доживеа срцев удар за време на дуелот со Финска на ЕП.

-Тоа беа ужасни моменти. Имав среќа да работам со Кристијан и кога видов дека се онесвести, навистина лошо се чувствував. Сето тоа ме потресе. Најважно е дека се е решено. Морам да им се заблагодарам на неговите соиграчи од данската репрезентација за смиреноста што ја покажаа во тие критични моменти. Опоравувањето сега е клучно, фудбалот ќе дојде на ред, -порача Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни