Поврзете се со нас

Италија

Конте направи необична компарација: Ако играме вака до крајот на сезоната….

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи успеа да избегне пораз од Интер и во најмала рака заслужи такво нешто, бидејќи тимот на Антонио Конте напаѓаше речиси цел натпревар, па може слободно да се каже дека беше и поактивен тим на теренот.

Конечните 1:1 повеќе ги задоволуваат гостите од Милано кои остануваат лидери на табелата, но целокупниот впечаток навистина многу го задоволи Конте, кој дербито направи една необична компарација во обид да ја долови битката за титулата.

– Постои и одредено разочарување, имавме навистина добри перформанси против исклучително силен тим. Интер е како тенк кој се градел со години за да се бори за Скудетото, тоа е тимот кој треба да се победи. Тоа што одигравме вака добро против Интер и Јувентус, ни покажува дека со организација, фокус и интелигенција можеме да стигнеме далеку.

– Ако играме со ваква решителност секогаш, ќе бидеме блиску до титулата до крајот на сезоната. Ќе бидеме како мачки кои ќе висат со канџите и кои ќе чекаат грешка на Интер.

– Имавме извонредно перформанси, заслуживме повеќе од бод, но овој натпревар треба да ни даде дополнителна верба во тоа што го правиме. После седум месеци, почнуваме да сфаќаме дека имаме добра база и дека можеме да го загорчиме животот на било кој тим, – изјави Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни