Конте направи искрена споредба меѓу Азар и Иниеста и воочи една голема разлика

konte-ls

Антонио Конте на денешната прес-конференција потенцираше дека неговиот тим ќе мора да одигра перфектен меч на „Камп Ноу“ за да има мала шанса за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а своето обраќање пред новинарите го искористи за да го испофали капитенот на противничкиот тим, искусниот Андрес Иниеста.

Менаџерот на Челси го спореди Иниеста со фудбалското знаење на Андреа Пирло, а во секаква смисла на зборот отфрли да се прават споредби околу Андрес и неговиот најдобар играч во тимот, Еден Азар. Конте смета дека станува збор за многу различни фудбалери, не само поради карактеристики, туку и поради тоа што двајцата го имаат остварено во кариерата.

– Азар е играч кој игра на позицијата „10“, додека Иниеста е играч од средниот ред или таканаречена „8-ка“. Тие се сосема различни фудбалери. Азар е фудбалер од офанзивата кој може да игра и како лажен напаѓач, а исто така многу е разликуваат и во тоа што го оствариле во кариерата. Иниеста освои многу работи и речиси се што може да се освои, а Азар веќе треба да почне да освојува почесто титули во кариерата, – смета Конте кој како да сакаше да каже дека Белгиецот има уште многу да учи за да го достигне нивото на Иниеста.

Facebook Коментари