Поврзете се со нас

Италија

Конте наброја низа имиња кои оставија трага во Наполи, а не го заборави и Елмас: Јас ќе одам во војна и со овие момци!

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Наполи оствари многу важна победа во битката за Скудетото и успеа со пресврт да ја победи Аталанта на нејзин терен, тим кој пред само два и пол месеци му нанесе тежок пораз на Антонио Конте на негов терен.

Поразот од 0:3 беше прво вистинско освестување за Конте и неговиоте фудбалери, кои вчеравечер делуваа далеку позрело во Бергамо во натпревар кој на крајот го добија со 2:3.

По овој триумф, италијанските медиуми повторно гледаат на Наполи како тим кој е зрел за титула, но Конте иако е горд на своите момци, не пропушти да нагласи какви големи загуби претрпил првиот тим од сезоната која беше шампионска, па и од оној од пред една година.

– Се соочуваме со ситуации кои би легнале на земја и бик, но ние остануваме цврсто да стоиме на нозе. Го загубивме Квара, а ако донесеме искусен играч на неговото место, вие медиумите ќе почнете да пишувате дека Конте добил играч за Скудетото. Ако треба да направиме нешто на трансфер пазарот, тоа треба да биде нешто правилно, во спротивно, ќе продолжам со овие момци кои ги имам сега.

– На крајот од денот, секој може да размислува и да толку онака како што сака, секој може да дава мислења дали сме посилни, или послаби од шампионскиот тим. Сепак, ако се гледаат фактите, најдобрите играчи кои му помогнаа на Наполи да стане шампион веќе не се тука. Тоа беа Ким, Осимен, Кварацхелија и Зиелински, а да не ги заборавиме и Марио Руи и Елмас.

– Споредувајќи го тимот од минатата сезона, сега веќе тука не се Осимен, Зиелински и Кварацхелија. Мора да продолжиме да работиме, да ги наведнеме главите и да се трудиме. Не смееме да се жалиме, ако клубот сака да направи нешто на трансфер пазарот, тоа ќе се случи. Ако не се случи тоа, ќе влезам во војна со овие момци кои ги имам и знам дека тие никогаш нема да ме изневерат. Не сме многу на број, но ние сме тие вистинските и гладни сме за успеси, – посочи Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни