Поврзете се со нас

Италија

Конте на промоцијата во Наполи: Ветувам нешто што често се потценува во фудбалот

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте ова попладне беше претставен како тренер на Наполи, а пред да дојде време за промоција, италијанскиот стручњак ја почувствува цела поддршка и љубов од фановите на клубот.

Конте се заблагодари за убавиот пречек и најави дека со голема страст го започнува новиот проект, но кога беше запрашан да испорача едно ветување до тифозите, Антонио апострофираше еден збор кој според него доста често се потценува во професионалниот фудбал.

– Првпат доживува презентација на ваков начин, се покажаа преемногу емооции уште пред да направам било што за овој клуб. Затоа сум многу благодарен, не сум доживеал вакви емоции со години.

– Обично правам нешто за клубот, па дури тогаш добивав за возврат. Тука е обратно, па затоа ќе мора јас да се потрудам за да возвратам на укажаната љубов.

– Она што можам да го ветам е серирозност, тоа е збор кој често се потценува во професионалниот фудбал. Сериозноста значи дека ќе дадам се за Наполи, ќе ја применам мојата култура и мојата работна етика, а секако и мојот менталитет. Ќе ги споделам со играчите сите мои идеи и целта е да ги направиме горди фановите на Наполи, – изјави Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни