Поврзете се со нас

Италија

Конте на чекор од преземање на италијански великан

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Антонио Конте е без тренерски ангажман, работа од 2023 година кога си замина од редовите на премиерлигашот Тотенхем, но оваа ситуација може набрзо да се промени со преземање на клуб од неговата татковина.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека Конте е на чекор на стане нов тренер на Наполи кој има катастрофална сезона, сезона која дојде по онаа историска, шампионска за составот од Неапол.

Заминувањето на Лучијано Спалети се покажа како огромна грешка, проблем, па јасно е дека ќе се бара проверено решение. Се споменуваше Џан Пјеро Гасперини, но тој е подготвен да остане во Аталанта по што директорите на наполитанците тргнаа во офанзива за Антонио кој би требало да добие тригодишен договор вреден меѓу 6,5-7 милиони евра по сезона, плус 2 милиони евра бонуси.

„Калчомеркато“ пренесува дека Наполи сака да го потврди тренерот веќе во следната седмица за да може веднаш да почне да работи. Конте ќе има важна улога во стратегијата на клубот за летниот трансфер пазар, а притоа тој ќе се обиде да убеди дел од клучните играчи да останат во сегашната средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни