Поврзете се со нас

Италија

Конте меѓу редови ги „пецна“ Ибрахимовиќ и Милан: Можеби ова…

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте се враќа на големата сцена и тоа како предводник на поранешниот клуб на Горан Пандев и Елиф Елмас, тимот на Наполи.

Конте ќе има задача да го врати клубот на победнички патеки по лошатата сезона, сезона која дојде пак по историскиот успех, освоеното Скудето под водство на Лучијано Спалети кој потоа си замина. Искусниот стратег беше поврзуван со повеќе клубови, а меѓу нив и Милан со тоа што Златан Ибрахимовиќ јавно ги демантираше тие вести порачувајќи дека никогаш тие не размислувале за Конте.

Секако во денешнот време вестите брзо патуваат, допораат до сите, па Антонио кратко одговори со тоа што меѓу редови дефинитивно ги поткачи „росонерите“, ама и Ибрхаимовиќ.

-Не, апсолутно. Ги почитувам сите, но не се сеќавам премногу добро што рече. Мислам дека рече дека ме гледа како менаџер [не тренер]. Се сметам за менаџер во однос на тактиката и тренингот. Сакам да се слушне мојот глас. Можеби ова може да изнервира некого на друго место, -подвлезе новиот предводник на наполитанците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни