Конте лут поради тензичната ситуација: Знам клубови кои се штитат подобро

conte-united

Интер не успеа да ја победи Славија во Лигата на шампионите, а информацијата дека постоела тензична ситуација меѓу Лукаку и Брозовиќ воопшто не му помага на Антониот Конте при подготовката на тимот за градското дерби со Милан.

Пред важниот натпревар за лидерот на табелата во Серија А, Конте посочи дека му пречи негативната атмосфера поради написите на медиумите.

– Мислам дека генерално премногу се пишува и зборува за Интер во весниците и на телевизиите. Ми велат дека тоа е нормално и дека секогаш било така, но јас не се сложувам.

– Некој ќе каже дека тоа е вообичаена процедура, но знам клубови кои многу подобро се снаоѓаат во вакви ситуации, – истакнал Конте, кој според медиумите повторно алудирал на Јувентус, кого го водеше неколку сезони.

Facebook Коментари