Поврзете се со нас

Италија

Конте лут на играчите: Вакво нешто не смее да им се повтори

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи покажа две сосема различни лица на Мараси и ризикуваше да упропасти се она што градеше во првото полувреме, па затоа Антонио Конте бил апсолутно лут на своите играчи по крајот на натпреварот со Џенова.

Повратникот на првото место на табелата постигна два гола во првото полувреме и изгледаше како тим кој во секој момент може да и погоди во мрежата на Џенова, но тоа драстично се промени во вториот дел во кој тимот на Конте се бранеше, а оној на Виеира напаѓаше со сите сили.

Марио Балотели беше најблиску до израмнување и ја погоди рамката од голот во самата завршница од натпреварот, па Наполи и Конте со доза на среќа ја одбранија победата од 1:2 и се вратија дома со три освоени бода.

– Не знам дали Џенова ја промени својата игра, или ние го променивме пристапот. Бев многу задоволен од првото полувреме, доминиравме во секоја смисла на зборот. На полувреме им порачав на играчите да не им дозволат да се вратат во мечот, а тие го направија токму спротивното.

– Добро го познавам овој стадион во Џенова, знам дека е потребна мала искра за да се разжести атмосферата. Од тим кој целосно доминираше, се претворивме во тим кој има огромни потешкотии на крајот. Мора да го избришеме второто полувреме од нашите глави. Им порачав на играчите дека вакво нешто не смее да им се повтори, не смеат да повторат вакво полувреме.

– Излеговме како целосно друг тим, ја тргнавме ногата од педалот за гас и ризикувавме да фрлиме во вода се што градевме на апсурден начин. Ако сакаме да бидеме амбициозни и да се бориме за позициите на врвот, мора да бидеме фокусирани цели 95 минути, бидејќи денеска можевме лесно да рониме горчливи солзи, наместо да зборуваме за победа, – изјави Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни