Поврзете се со нас

Италија

Конте: Лукаку е атипичен напаѓач, Кварацхелија треба да сфати една работа

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте одблиску можеше да гледа како неговиот нов тандем се воигрува на гостувањето на Сардинија, бидејќи Квича Кварацхелија и Ромелу Лукаку ја направија главната разлика на натпреварот против Калјари.

Двајцата си разменија по една асистенции и запишаа по еден гол во победата од 0:4, а тоа многу го израдува и тренерот Конте кој еуфорично славеше на клупата.

Новиот тренер на Наполи се уште ги воспоставува своите методи во играта на тимот, но веќе успеваат да се препознаваат неговите фудбалски ноти, нешто што посебно дојде до израз по ангажманот на Лукаку.

– Отсекогаш сум го сакал Лукаку. Го сакав за мојот Интер, потоа го барав за Челси пред да замине во Манчестер Јунајтед. Тој е атипичен напаѓач, тој е екстремно физички јак, но исто така и многу добар во вршењето пресинг со своите спринтови. Се уште не е во оптимална физичка форма, но веќе станува клучен за нас. Секогаш дава максимум и никогаш не се сомневам во него.

– Добро го познавам него, но полека го запознавам и Квича. Се надевам дека брзо ќе сфати дека од него очекуваме исто толку голови, како што очекуваме и асистенции. Мора да признаам дека сум задоволен и од него. Иако овој меч не беше добар за негови карактеристики, тој секогаш даваше максимален придонес, – изјави Конте.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни