Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Конте: Кога сме вистинска екипа, тогаш сме проблем за ривалите

Објавено

на

Екипата на Интер успеа да слави на незгодното гостување во Германија кај Борусија Менхенгладбах и на тој начин остана во игра за место во нокаут фазата на Лигата на шмпионите.

Италијанскиот прволигаш победи со 3-2 и сега има 5 бода во групата Б во која во решавчкото коло ќе игра со Шатјор Доњецк, додека пак во Мадрид ќе се сретнат Реал и Борусија Менхенгладбах.

Тренерот Антонио Конте беше презедоволен од триумф и настапот на неговите избраници кои според него кога играат на ова ниво, како екипа тогаш можат да бидат проблем за сите противници.

-Борусија е во одлична форма во сите натпреварувања. Ако не сте тим – тактички, физички и карактерно – не можете овде да победите. Апсолутно го заслуживме триумфот, да бидам искрен, мислам дека можевме полесно да стигнеме до него. Го победивме лидерот во групата и сè уште сме во игра.

-Мислам дека моите момци имаа вистински дух, желба да си помагаат едни на други и да бидат вистинската екипа – кога тоа е случај, им претставуваме проблем на ривалите, -порача предводникот на „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни