Поврзете се со нас

Италија

Конте: Јувентус никогаш нема да биде мој непријател

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Јувентус и Наполи ги поделија бодовите на пресметката која се одигра во Торино, пресметка која беше враќање за Антонио Конте на познато место.

Сегашниот тренер на Наполи е ас кој е легенда на „бјанконерите“, човек кој скоро две децении беше дел од овој клуб прво како играч, потоа и како предводник на великанот.

Сега Конте има друга мисија, но тој и понатаму е почитуван од публиката, навивачите на „старата дама“ со кои денеска првпат се соочи затоа што претходно како предводник на Интер тоа беше за време на пандемијата со КОВИД и трибините беа празни.

-Тоа беше голема емоција. Да им се заблагодарам на навивачите со кои поминав 16 години беше минимумот што можев да го направам. Среќен сум што сум во Наполи и ги поздравив и нашите навивачи. Доаѓањето овде е секогаш голема емоција; никој не може тоа да ми го одземе. Секогаш ќе има ривалство меѓу навивачите, но насилство никогаш не треба да има. Поминав многу години во Англија, каде видов образование и почит.

-Јас сум дел од историјата на Јувентус и тоа никој никогаш нема да ми го одземе. Се надевам дека ќе се запишам и во историјата на Наполи. Ривалството е една работа, но секогаш мора да има образование и почит бидејќи, во овој свет, многу луѓе имаат тенденција да заборават што е признание. Значи не е убаво. Денеска ме гледаа како противник. Исто и јас, но тие никогаш нема да бидат непријатели, -порача Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни