Италија
Конте: Изгледавме како проколнат тим, мора да избегнуваме срцеви удари…..
Наполи се изнамачи за да вкалкулира предвидени три бода во италијанската Серија А, од едноставна причина што Венеција изгледаше како непробивливо тврд орев ова попладне на „Диего Марадона“.
Гостите пристигнаа со цел да ги одржат почетните 0:0 и добро им одеше намерата до последните 10 минути од средбата, но тогаш Распадори конечно го пронајде патот до голот и успеа да го совлада Филип Станковиќ кој правеше чуда и одбрани пенал на Лукаку.
Наполи со доста пот стигна до 1:0 и се задоволи со минимален триумф за крај на 2024-та година, по што Конте изјави дека немало да го чуди ако неговиот тим денеска претрпел и пораз во едни крајно чудни околности.
– Распадори ни носи многу во нападот, барам од него да игра како офанзивен фудбалер зад напаѓачите. Вистинска штета е што до последните 10 минути бевме без постигнат гол, да бидам искрен, изгледаше како да сме проколнати.
– Доминиравме во секој поглед, имавме 25 удари кон голот, не реализиравме пенал и ја погодивме рамката од голот. Немаше да ме изненади ако на крајот загубевме во вакви услови. На крајот, мора да бидам задоволен, тимот еволуира и се подобрува, но мора да работиме на завршување на акциите. Мора да постигнуваме повеќе голови за да бидеме порелаксирани и да избегнеме срцеви удари во финишот од натпреварите, – изјави Конте.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…