Поврзете се со нас

Италија

Конте испрати брутална провокација до Тотенхем: Сакам да тренирам тим кој……

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Антонио Конте им се исповеда на италијанските новинари и нагласи дека не планира да презема тим на средина на сезоната, па како што стојат работите, успешниот стручњак ќе остане надвор од фудбалот уште извесно време.

Конте е фокусиран на своите најблиски и на квалитетно минато време со својата ќерка, меѓутоа во давањето образложенија за паузата која морал да ја направи, не пропушти шанса да испрати брутална провокација до последните работодавци.

Антонио и водечките луѓе на Тотенхем се разделија на доста лош начин и со нарушени односи, а тренерот сега вели дека ќе се погрижи за подобар ангажман при изборот на следниот клуб.

– Кога ќе се вратам, ќе биде уште потешко за моите ривали, ќе бидат освежен и подготвен за голема борба.

– После Тотенхем, си ветив дека ќе си дадам време на себе и на моето семејство. Еден ден ќе се вратам, но тогаш ќе водам тим кој има победувано во последно време, – изјави Конте, алудирајќи на постот кој го има Тотенхем без освоен трофеј од 2008-ма година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни