Конте: Интер ќе продолжи да губи бодови се додека….

konte-lecce

Интер со вториот кикс во низа му овозможи на Јувентус дополнително да се одлепи на табелата, сценарио кое сигурно воопшто не го замислуваше Антонио Конте пред денешното гостување на „Виа дел Маре“.

Фаворитот од Милано одигра само 1:1 против Лече и на втор натпрвеар по ред не ги освои трите бода, а Конте по средбата исткана дека неговиот тим ќе продолжи да губи бодови доколку не влегува во мечевите со 100 километри на час.

– Ние сме тим кој мора да игра со 100 километри на час, ќе продолжиме да губиме бодови се додека не го правиме тоа постојано. Ако некој е под тоа и надвор од ритам, нормално е да одиграме нерешено. Ако одржуваме само солидно темпо, нема да победуваме. Мора постојано да нагазуваме и да ја држиме ногата на педалата, кога не го правиме тоа, ние сме нормален тим. Ако одиме како на прошетка, нема да се вратиме дома со бодовите, – порача Конте.

Facebook Коментари