Поврзете се со нас

Лига Европа

Конте: Интер е подготвен да игра валкано

Објавено

на

Со утрешните натпревари закажани во Германија започнува рестартот на сезоанта во Лига Европа, а во првиот натпреварувачки ден ќе го гледаме Интер предводен од Антонио Конте.

Тимот од Милано налета на доста незгоден противник кој во Шпанија го има епитетот на доста цврт и валкан тим, па поради тоа, Конте денеска нагласи дека Интер ќе мора да игра и валкано против Хетафе за да стигне до посакуваната цел, односно да се најде во четвртфиналето на Лига Европа.

– Добро го простудиравме утрешниот противник. Против големите тимови во Шпанија, Хетафе играше доста неспектакуларно, но противникот секогаш имаше потешкотии.

– Тоа најдобро говори за силата и упорноста на овој тим, играат со долги топки, цврсти се во дуел и имаат незгодни напаѓачи. Мора да докажеме дека заслужуваме да одиме понатаму, инаку ќе се пакуваме и си одиме брзо дома.

– Може да биде валкан меч, но подготвени сме да станеме валкани против силен противник. Мислам дека тимот веќе е доволно зрел за да се справи со такви ситуации и со вакви натпревари, – порача Конте пред утрешниот меч во Гелзенкирхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни