Поврзете се со нас

Италија

Конте го „поздрави“ Марота: Сигурен сум дека ќе биде спокоен ако Интер не ја освои титулата

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи игра одлично под водство на Антонио Конте и во моментов е на првото место во Серија А, но искусниот тренер е свесен дека сезоната е долга и дека пред неговиот тим се уште многу предизвици со кои треба да се соочи.

Новинарите побарале реакција од Конте за изјавата на Бепе Марота, во која претседателот на Интер го стави Наполи во улога на фаворит за титулата.

– Марота може да кажа што сака.

– Го знам многу добро, работев со него и сигурен сум дека нема да биде многу среќен ако Интер не ја освои титулата на крајот на сезоната.

– Секој има своја улога, можеби некој во клубот го тера да изјавува такви работи, зборуваме за Интер, тим кој има не два, туку два и пол тимови на располагање. Сигурен сум дека Марота нема да биде среќен и многумина ќе имаат прашања за него ако не ја освојат титулата.

– Премногу се фокусирани на нас и можеби поради тоа не гледаат кој може да им предизвика најмногу проблеми. Сите може да зборуваме јавно што сакаме, но интерно најдобро знаеме кои ни се таргетите, а според неговите изјави, веројатно ќе биде мирен и спокоен ако Интер не ја освои титулата, – иронично рекол Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни