Поврзете се со нас

Италија

Конте ги „поздрави“ играчите на Рома по загубените два бода во судиското продолжение

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи беше на чекор од големата победа во Рим и правење поголема предност на табелата во Серија А, но голот на Анхелињо во судиското продолжение ги урна ваквите планови на Антонио Конте.

Искусниот стручњак мораше да гледа како неговиот тим прима гол во судиското продолжение, па покрај тоа што беше незадоволен од конечниот епилог, останал испровоциран и од изјавата на Манчини.

Фудбалерот на Рома нагласи дека домаќините заслужено стигнале до израмнување на натпревар на кој противникот се сите играчи се бранел во својата половина, изјава која направи да слушнеме и една провокативна анализа од Конте.

– Манчини? Можеби не сфатил што се случуваше на натпреварот поради тоа што беше на теренот. Или е тоа, или гледал друг меч. Реми против Рома не е лош резултат, но кога ќе видите како играчите на Рома славеа лудо израмнувачки го лпротив нас, тоа значи дека правиме нешто навистина добро.

– Без оглед на се, можевме да бидеме подобри во завршницата. Анхелињо постигна ист гол против Ајнтрахт Франкфурт, ја имавме простудирано оваа акција, но повторно дозволивме да примиме гол. Не е лесно да се игра на „Олимпико“, си заминуваме со горчлив вкус на крајот бидејќи победата беше на дофат, – изјави Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни