Поврзете се со нас

Италија

Конте ги подбра новинарите: Треба да ни се заблагодарите, продавате повеќе весници поради Наполи

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи љубоморно го одржува чекорот со Интер и повторно се врати на „минус три“ од актуелниот италијански шампион, па така битката за титулата останува жива во самата завршница од сезоната во Серија А.

Тимот на Антонио Конте играше со притисок поради фактот што Интер оствари победа уште во саботата, но фактот што мечот против Емполи го стартуваше со негатива од шест бода, не влијаеше воопшто негативно врз „наполитанците“.

Небесно сините победија со 3:0 и одбиваат да се предадат во битката за титулата, па така во последните шест кола ќе ја добиеме целосната разрешница за тоа кој ќе го освои Скудетото.

Конте како тренер на Наполи им порача на новинарите дека треба да покажат далеку поголем респект за тоа што го прави неговиот тим оваа сезона, бидејќи во спротивно, во Италија веќе немале да бидат интересни фудбалските емисии, а уште помалку весниците кои секојдневно е печатат.

– Мислам дека некој од вас, медиумите и весниците, треба јавно да излезе со соопштение за благодарност до Наполи. Наполи ја одржува жива битката за титулата. Ако не бевме ние, веќе ќе зборувавме за завршена сезона. Во таков случај, ќе имаше многу помалку разговори во ТВ студијата, а ќе се продаваа и многу помалку весници, – порача Конте во свој стил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни