Поврзете се со нас

Европски првенства

Конте ги одреди фаворитите за титула на ЕП, не и дава шанси на Англија за таков успех

Објавено

на

Антонио Конте во моментов е без ангажман откако го напушти Интер по освоената титула, а тоа му овозможува и повнимателно да го следи Европското првенство на кое наскоро ќе започне нокаут фазата.

Италијанскиот стручњак во својата последна изјава потенцира дека постојат четири фаворити за титулата и не очекува изненадување на ова првенство. Конте исто така не ја вброи Англија меѓу репрезентациите кои можат да се борат за посакуваниот трофеј.

– Мислам дека никој од аутсајдерите нема шанси да го освои првенството.

– Најсериозни кандидати се Франција и Германија поради составите со кои располагаат, но и искуството. Тука е и Белгија под услов Де Брујне и Витсел да играат во топ форма и секако Италија.

– Италијанските репрезентативци покажаа континуитет и самодоверба, нема љубомора во тимот затоа што некој игра, а друг не, заедништвото е многу важно ако сакате да освоите ваков турнир, – изјавил Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни