Италија
Конте ги нападна италијанските новинари за нервозата во Наполи: Ова навистина не е нормално

Наполи одигра уште еден доминантен натпревар на домашен терен, но за разлика од оној кога ремизираше против Интер, овојпат го пронајде патот до победата.
Тимот на Антонио Конте создаде доволно број шанси за да има навистина комотна победа против Фиорентина, но на крајот влезе и во тензичен период во кој триумфот зависеше само од еден гол.
Наполи сепак победи со 2:1 и го одржа чекорот со лидерот Интер, а по важниот триумф, Конте ги нападна италијанските новинари за третманот кој го имаат кон неговиот тим, бидејќи според него тие создаваат непотребен притисок.
– Ова беше заслужена победа, но мислам дека не постигнавме доволен број на голови со оглед на создадените шанси. Мораме да одиграме најдобро што можеме на секој натпревар и не треба да влегуваме во бесмислена вознемиреност. Истото ни се случи и против Интер, игравме добро и доминиравме долги периоди, се додека не се активираше нервозата кај играчите, – изјави Конте, кој смета дека причина за нервозата се токму италијанските новинари.
– Вие сте причинителите за нашата нервоза во играта. Правите ова што го остварува тимот да изгледа нормално, кога навистина не е. Ова што го правиме не е нормално, а вие правите да изгледа нормално. Имаме голем број повредени играчи, велите дека е нормално…… Најталентираниот играч си замина, и натаму велите дека тоа е нормално….. Според мене, овие момци прават нешто необично и неверојатно, – потенцира Конте.
-
Лига на нации18 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација9 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)