Италија
Конте доби одлична замена за Кварацхелија: Тој напредна во секој поглед во изминатите пет месеци
Непријатната повреда на Квича Кварацхелија беше најлоша можна увертира за Антонио Конте кога е во прашање подготовката за натпреварот со Удинезе, но денешниот натпревар покажа дека тренерот сепак има доволно добри ресурси и со играчи кои досега седеа на клупа.
Кварацхелија поради проблемот со коленото ќе мора да паузира најмалку еден месец, но денешнот издание на Давид Нерес внесе голема сатисфкација меѓу тифозите на Наполи, но и кај самиот Конте.
Бразилецот имаше извонреден настап и на најдобар можен начин одговори на довербата, бидејќи неговиот слалом беше клучен за пресвртот во Удине.
По победата од 1:3, Конте јавно го пофали играчот кој досега му беше стандардна резерва, потенцирајќи дека тој успеал да напредне во секој поглед во изминатите пет месеци.
– Давид тренира со нас веќе долго време и за негова несреќа, предност добиваа Кварацхелија и Политано. Но, јас знаев дека имам многу силен играч на клупа, знаев дека многу напредна во секој поглед во изминатите пет месеци, особено на физички план и во играта во одбрана. Тој е извонредна опција и за левата, и за десната крилна позиција.
– Не тренираме само со 11 играчи кои ги подготвуваме за стартери, тренираме со 22 играчи и секој треба да биде подготвен. Кога некој не може да игра, останатите треба да го следат истиот план. Нерес работи напорно секој ден, поседува голем квалитет и сега доби шанса да покаже што може да направи во отсуство на Квара, – нагласи Конте.
-
Светски првенства18 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства17 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија17 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија19 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија20 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Светски првенства5 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Свет19 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Шпанија23 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија