Поврзете се со нас

Англија

Конте даде оценка за Лампард: Тој може да биде еден најдобрите тренери на светот

Објавено

на

Предводникот на италијанскиот прволигаш Интер, Антонио Конте даде оцена и прогноза за тоа како може да се развие, напредува неговиот помлад колега од Челси, Френк Лампард.

Лампард по епизодата во Дерби Каунти одлучи да го прифати повикот од неговиот поранешен клуб иако знаеше дека го очекува тешка работа, предизвик на „Стемфорд Бриџ“ со оглед на тоа што екипата имаше забрана за купување на играчи, па поранешниот англиски репрезентативец мораше да промовира млади играчи.

Тоа добро го изведе, па така Челси по 29 кола е на 4 место во Премиер лигата што значи има позиција која води во ЛШ што всушност и беше цел на составот од Лондон.

-Мислам дека тој врши навистина добра работа. Ова е второ искуство за него по она во Дерби Каунти така што да се биде тренер на топ тим не е лесно.

-Мислам дека тој има вештини и способност да стане еден од најдобрите менаџери во светот. Тој треба да продолжи да работи на овој начин и му посакувам се најдоброто во иднината, -истакна Конте за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни