Конте даде објаснување за неговата нелогична одлука која ги збуни фановите

Chelsea v Leicester City - Premier League

Челси одигра навистина лош меч ова попладне против Лестер и комплетниот заклучок е дека тимот на Антонио Конте може да биде задоволен што освои и бод на овој меч, бидејќи составот од „Кинг Пауер“ беше далеку подобар противник на теренот се до моментите кога силите беа израмнети на теренот.

Лестер имаше играч помалку во последните 20-тина минути и без поголеми проблеми успеа да се одбрани, но сепак најмногу коментари предизвика нелогичната одлука на Конте во 58-та минута кога ги повлече своите двајца најдобри играчи. Конте ризикуваше премногу во дадената ситуација бидејќи ги повлече од игра Фабрегас и Азар, а со самото тоа се стави во ситуација да нема право на измена доколу му се повреди некој играч во продолжение.

Италијанецот секако доби прашање на оваа тема од страна на англиските новинари, а Конте образложи дека неговата одлука се должи на преголемата замореност која ја видел во лицата на двајцата играчи.

– Ги погледнав Азар и Фабрегас во лицето и видов дека тие се многу, многу изморени. Не сакам да звучи како алиби и оправдување, но многу се потрошивме на мечот со Арснеал во купот. Да играте во среда навечер и потоа за неполни три дена повторно да играте со вака силен тим, навистина не е лесно. Лестер е тим кој е на речиси исто ниво со Арсенал, – потенцирал Конте.

Facebook Коментари