Поврзете се со нас

Англија

Конте брутално објасни зошто не го игра летното засилување: Јас не сум глупав…

Објавено

на

Антонио Конте смета дека црвениот картон кој го доби Емерсон го реши победникот на големото градско дерби против Арсенал изминатиот викенд, но исклучувањето на десниот бек за него ќе значи нов предизвик оваа сезона, бидејќи ќе треба да се потпре на играчи на кои речиси и да не им даде шанса оваа сезона.

Емерсон ја промени својата ситуацијата во споредба со минатата сезона и се претвори во сигурен стартер кај Конте, но сега со оглед на тоа што ќе отсуствува неколку меча, се отвора простор за летното засилување Џед Спенс, но и за Доерти кој до пред неколку месеци беше стандарден кај италијанскиот стрчуњак.

Конте вели дека не подарува минутажа на никого и тоа што не играат е поради фактот што смета дека не се подготвени за стартери, ситуација која сега ќе имаат шанса да ја променат.

– Фановите се фанови и сфаќам дека секој има мислење за тоа зошто не игра летното засилување. Но, јас го гледам она што се случува на тренинзите, јас гледам што се случува секој ден и јас носам одлуки. Се обидувам да го извадам најдобриот тим кој го имам, ако некој играч не игра, тоа е така бидејќи не е подготвен. Зборурваме за млад играч со добра перспектива, но за мене најдобрите се оние кои се најдобри на тренинзите, – вели Конте во своето појаснување зошто не игра младиот десен бек за кој беа платени 15 милиони евра.

– Од друга страна, Доерти минатата сезона играше речиси на секој меч. Во овој момент, не гледам на него како стартер. Јас не сум глупав, не сакам да губам и го вадам најдобриот тим. Ако фановите ми веруваат, во ред, ако не, тогаш пак е во ред. Јас сум тука за да носам добри одлуки за Тотенхем, – потенцира Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни