Поврзете се со нас

Италија

Конте бесен по дербито со Интер: Вакви одлуки поттикнуваат теории на заговор! (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Наполи одигра 1:1 на „Џузепе Меаца“ и остана осамен на врвот на табелата во Серија А, но сега има само бод повеќе од четири тима кои имаат по 25 (Интер, Фиорентина, Аталанта и Лацио).

Дербито со кое беше затворено 12-то коло во италијанската елита донесе два гола и еден промашен пенал од Хакан Чалханоглу, а токму оваа ситуација можеше да донесе и поинаков исход бидејќи се случи при резултат 1:1.

Играчот за врска ја погоди стативата и за првпат не реализираше пенал како член на Интер, епилог кој дојде како големо олеснување за Антонио Конте кој беснееше на одлуката која ја донесе судијата.

Маурицио Маријани досуди пенал поради минимален контакт во дуелот меѓу Ангиса и Дамфрис, а луѓето од ВАР не можеа да ја изменат истата поради тоа што постоеше допир меѓу двајцата играчи.

„Мекиот“ пенал на крај не беше претворен во гол, но тоа не ја намали фрустрацијата кај Конте кој не се штедеше по крајот на мечот.

– Какво е ова правило, ВАР не смее да интервенира и покрај тоа што има грешка. Зарем треба да интервенираат само кога им одговара? Ваква одлука на терен од судијата може да влијае директно врз резултатот, а ВАР не може да направи ништо? Тоа е смешно. ВАР треба да биде тука за да коригира било каква ситуација, ако има грешка, мора да интервенира. Навистина сум бесен, но истото важи за сите тренери.

– Ме разбеснува фактот што ВАР не може да реагира за непостоечки пенал. Ако има грешка, мора истата да се поправи. Користењето на ВАР на ваков начин поттикнува теории на заговор и лоши мисли. Не сакам да има теории на заговор. Ако има грешка, ВАР треба да ја поправи. Ако има грешка, мора да се поправи, или во најмала рака, да му кажете на судијата двапати да си ја прегледа одлуката на мониторот. Ако и тогаш остане зад својата прва одлука, јас сум прв кој ќе застанам во негова одбрана, – изјави Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни