Конституиран нов УО во шаховската федерација

sahovska federacija uo2017

Денеска во Скопје беше конституиран нов Управен одбор на Шаховската федерација на Македонија, согласно овластувањата на актуелниот претседател Благоја Богоевски, се до истекот на неговиот мандат.

За потпретседател е избран Златко Марин, Градоначалник на Општина Аеродром, а секретар на УО ќе биде Лидија Софревска од ШК „Алкалоид“. Во составот на УО се најдоа и:

Борче Георѓиевски, Градоначалник на Општина Гази Баба,

Стефан Богоев, Градоначалник на Општина Карпош

Дејан Николовски, претставник од кабинетот на Премиерот

Коста Начевски, менаџер во АД „Гама“

Невзат Умер, претставник на „Џевахир“

Горан Ѓорѓиевски, менаџер на „Специјал“

Сенко Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“

Жико Ѓориќ, менаџер во „ГМЦ Скопје“

Зоран Стојчевски, ШК „Гамбит Асеко“

Роландо Кутиров, велемајстор и претставник на играчите

– Минатиов период шахот незаслужено беше игнориран од сите надлежни институции. Федерацијата има блокирана сметка, па функционираше со големи тешкотии. Целта на овој УО ќе биде да овозможи услови за работа, да ја одблокира сметката и да го врати достоинството и сјајот што шахот го имал во Македонија. Очекуваме поддршка од сите надлежни институции, а најмногу од Агенцијата за млади и спорт,- рече претседателот Богоевски.

– Овој тим на луѓе што застанува зад Шаховската федерација на Македонија е сериозен во својата намера да го врати шахот во она светло кое беше кога Скопје беше домаќин на Олимпијадата. Ќе настојуваме да обезбедиме поддршка од сите институции, за да може шахот да заживее, пред се да се расчистат старите проблеми, а потоа да може федерацијата да биде организатор на големи настани. Следната година ќе бидеме домаќини на Европското првенство во забрзан шах, а благодарение на поддршката што ја имаме од Европската шаховска федерација се надеваме и на други големи настани, па дури и ќе се обидеме да ја вратиме Олимпијадата во Македонија,- изјави Дејан Николовски.

На седницата беше лиферуван и Предлог календар за 2018 година во кој се наброени повеќе „опен“ турнири, како и меѓународната програма со учество на Олимпијадата во Грузија.

kalendar sah 2018

Facebook Коментари