Италија
Консеисао: Тео знае дека го оштети Милан, но…

Милан утре ќе ја има првата можност за реакција по елиминацијата од Феенорд во Лигата на шампионите, соочување со Торино на нашиот репрезентативец Елиф Елмас.
Средбата е закажана од 18 часот, а пред истата доста се говореше/говори за Тео Ернандес кој за многумина е директен виновник за крајот на Милан во елитното натпреварување со оглед на тоа што доби два евтини жолти картони и го остави тимот со десетмина на теренот, ситуација која клубот од Ротердам ја искористи, дојде до погодок за 1-1 и место во осминафиналето.
Французинот доби доста критики, меѓутоа без разлика на се тренерот Сержо Консеисао има максимална доверба во него и најави дека дефанзивецот утре ќе игра против „биковите“.
-За Тео, можам да кажам дека сакам прашања за фудбалот, а не за косата. За мене е доволно што се професионалци и даваат се за клубот. Зборував за тоа на крајот од натпреварот: Тео е предност за клубот, тој во минатото им донесе радост на навивачите.
-Тој знае дека направи нешто што го стави тимот во тешка позиција, а ние разговаравме за тоа во соблекувалната. И јас правев грешки… Тој е еден од играчите на располагање да игра утре, да ви одговоравм на прашањето, -порача Португалецот.
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…