Италија
Консеисао: Супер Купот не е доволен за Милан…
Тимот на Милан утре е домаќин на Калјари во мечот од 20. коло во Серија А, прв предизвик по освоениот трофеј во Супер Купот на Италија.
„Росонерите“ ги совладаа Јувентус и Интер во Саудиска Арабија, но сега тоа е веќе минато и фокусот е ставен на домашниот шампионат, поточно на натпреварот на кој тренерот Сержо Консеисао ќе дебитира во лигата. Консеисао настапуваше во Италија каок играч, меѓутоа ова е нова приказна и знае дека мора да донесе резултати.
Португалецот бара повеќе од играчите затоа што смета дека на Милан како клуб не смее да заостанува 17 бода зад лидерот во првенството.
-Силно го посакувавме и го заслуживме Суперкупот, но сме 17 бода од врвот. За клуб со 19 титули и седум ЛШ, не е доволно да се биде задоволен со Суперкуп. Затоа, мора да се фокусираме на утрешниот натпревар и да победиме, со цел да завршиме што е можно повисоко. Суперкупот е минато.
-Сега, ние мора да се подобриме. Тие навистина мора многу да се подобрат. Има моменти во играта кои не ми се допаѓаат. Други веќе го постигнаа истото, дури и со потешки титули, многу потешки. Се обидуваме да направиме повеќе и да ја завршиме сезоната во првите четири, дури и ако нема да бидеме целосно задоволни. Можеби нема да ја освоиме титулата, но мора да завршиме во Топ 4. Работиме на ова, -истакна Консеисао кој смета дека екипата мора да има победнички став и да не се опушта кога игра со помали тимови.
-Ги гледав Реал Мадрид-Милан и Каљари-Милан и разговарав со играчите за тоа. Имаше поинаков став, и тоа не е во ред. Најпредизвикувачката работа не е да се стигне до врвот, туку да се остане таму, затоа мора да се надоврзуваме на позитивни работи и да избегнуваме падови, -заклучи предводникот на „црвено-црните“.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Шпанија20 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси