Поврзете се со нас

Италија

Консеисао: Среќата во фудбалот се стекнува само на еден начин

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Сержо Консеисао имаше „среќа“ да стартува на клупата како тренер на Милан со две возбудливи дерби пресметки, со тоа што мора да се нагласи дека за оваа втората се избори благодарение на свој труд и залагањето на неговите нови фудбалери.

Пресвртот против Јувентус и победата од 2:1 му овозможи на Консеисао да го подготвува тимот за големото финале во италијанскиот Суперкуп, натпреварување кое своја завршница ќе има со градско дерби меѓу Милан и Интер.

Традицијата покажала дека моменталната форма никогаш немала пресудна улога во директните дуели на големите ривали, а позитивна работа за Милан е тоа што влегува со позитивна енергија поради пристигнувањето на новиот тренер.

– Дали е несреќа што првите два меча ми се против Јувентус и Интер? Не постои среќа во фудбалот ако не го заработите тоа што го добивате. Може да добиете среќа ако сте талентиран, ако сте сериозен и ако покажете голема желба за надигрување. Среќата не се добива, среќата се стекнува. Мора да работиш напорно за да имаш среќа, – вели Консеисао и додава.

– Се подготвуваме за мечот и знам дека играчите можеби се и поподготвени од мене. Интер е силен тим и навикнат е да победува, имаат ист тренер со години и ќе биде голем предизвик да се надигруваме со нив, – додава Португалецот, кој за крај го опишува и својот однос со Симоне Инѕаги.

– Имаше мешаница на нашиот последен натпревар меѓу Интер и Порто, но такви работи се случуваат во фудбалот. Отсекогаш постоело респект меѓу нас и така и ќе остане. Ние сме фудбалски луѓе, игравме заедно и постои меѓусебна љубов. Тој ќе биде мој пријател пред натпреварот, но и по крајот на истиот, – завршува Консеисао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни