Поврзете се со нас

Италија

Консеисао со прва јавна забелешка за Феликс: Правиме корекции во неговата игра

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Сержо Консеисао ги преживува првите тензични моменти како тренер на Милан и се наоѓа под голем притисок по елиминацијата во Лигата на шампиони, но особено после зимскиот преоден рок во кој беа донесени играчи по негова мерка.

Португалскиот стручњак го доведе и својот сонародник Жоао Феликс кој дебитираше со гол на првиот меч, но по поразот од Торино во домашното првенство, офанзивниот фудбалер беше еден од најкритикуваните во јавноста.

Италијанските експерти почнаа да се прашуваат зошто Милан му дава шанса на фудбалер кој не успеа да се наметне во Атлетико, Барселона и Челси, а сега првата јавна забелешка за Жоао ја има и Консеисао кој му препорача на сонародникот да не комплицира и да седи на своето место на теренот.

– Не знам дали ќе биде стартер против Лацио, понекогаш е добро да имате таков играч и од клупата. Жоао е многу добар меѓу линии, но понекогаш многу сака да ја допира топката и се движи во непотребни зони на теренот.

– Го коригираме тоа во неговата игра и работиме да го прави она што го бараме од него. Тој има квалитет и сакаме да биде поблиску до голот, не сакам да го гледам во зони кои се далеку од противничкиот гол, – изјави Консеисао пред дербито со Лацио кое вечерва се игра на „Сан Сиро“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни