Италија
Консеисао со јасно барање до своите фудбалери: Постои само една гаранција за освојување бодови

Сержо Консеисао ја дочека првата победа како тренер на Милан во Лигата на шампиони, а воедно тоа се покажа како прв натпревар на кој неговиот тим сочува „чиста мрежа“.
„Росонерите“ со минимални 1:0 ја победија Џирона и тоа беше доволно за нови три бода во најелитното европско натпреварување, во кое Милан сега врза серија од пет триумфи во низа.
Тоа носи големо задоволство кај навивачите и самите играчи, но Консеисао не дозовлува време за опуштање и вели дека овој тим се уште треба да се гради.
– Во првото полувреме игравме вертикално и можевме да постигнеме повеќе голови, но потоа се насочивме кон бранење на резултатот. Почувствувавме страв и Џирона можеше да не казни со притисокот на стартот на вториот дел. Се исплашивме од израмнување и не одевме по втор гол, тоа е една од работите на кои мора да работиме.
– Не примивме гол и тоа е добра вест за нас како тим, мора да бидеме солидни и компактни како колектив. Има моменти кога не може да ја имате топката, но тогаш треба да размислуваме исто и да се браниме со сите сили. Првпат не примаме гол откако сум тука, но тоа треба да ни стане навика. Тоа е основата за еден успешен фудбалски тим, ако не примите гол, тоа е гаранција за освојување бодови, – порачува Консеисао.
-
НБА21 час
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија22 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)