Поврзете се со нас

Италија

Консеисао со идентичен заклучок како Фонсека: Не е лесно за Леао да излезе од својата комфорна зона

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан ја победи Рома со 3:1 и се пласираше во полуфиналето на Копа Италија, натпревар на кој на најдобар можен начин се презентираа и последните две звучни засилувања.

Хименез и Жоао Феликс ја креираа акцијата по која „росонерите“ ставија точка на средбата на „Сан Сиро“, а во истиот период како зимските засилувања, шанса доби и Рафаел Леао.

Португалецот продолжува со променливите изданија и под водство на Сержо Консеисао, кој по победата над Рома, само повторно дел од заклучоците кои ги имаше Пауло Фонсека во неговата кратка авантура на „Сан Сиро“.

– Мора да се напомене дека Леао може повеќе, и тоа многи повеќе. Тој има неверојатни квалитети и фудбалски карактеристики, мора да сфати дека е важен со топката во нозе, но мора понапорно да работи и без топката во нозе. Мора да сфати дека тој е дел од тимот, дел од колективот и дека мора да работи во секој момент, не само која ја има топката.

– Сфаќам дека не е лесно за него да излезе од комфорната зона, знам дека не сака да прави работи на кои луѓето не обрнуваат многу внимание, но во мојот тим, тоа е од суштинско значење. Ќе може да ја однесе својата игра на друго ниво ако ги подобри овие работи за кои зборуваме, – порачува Консеисао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни