Италија
Консеисао: Првата цел ја остваривме, втората е…

Милан е гостин на Динамо Загреб во Лигата на шампионите, меч на кој калчолигашот е фаворит и во кој бара резултат кој ќе му овозможи да остане во Топ 8 и со тоа избегне дополнителна елиминациска рунда во елитното натпреварување.
Меѓутоа секој натпревар е посебен и во кој мора да се докажете, а „росонерите“ немаат идеална подготовка за тоа што тренирале само 40 минути.
-Денеска имавме 40 минути на теренот со целата група. За мене тоа не е идеално, но тоа веќе го знаевме. Анализиравме и ќе се обидеме да одиграме добар натпревар и да победиме, -рече тренерот Сержо Консеисао кој запрашан за тоа дали ќе го одмара Алваро Мората со оглед на тоа што престои дербито со Милан, тој јасно посочи на што сега е ставен главниот фокус.
-Го разбирам прашањето, но мора да размислуваме натпревар по натпревар. Не давам предвидувања за два натпревари однапред, тоа не е добро. Кога го правиме тоа, резултатите не се добри. Мора да се фокусираме на Динамо Загреб што е важно за да ја оствариме нашата втора цел. Првата беше да го освоиме Суперкупот и тоа добро го направивме. Вториот е да завршиме меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.
-Ќе размислуваме за дербито од четврток, веќе кога ќе се вратиме дома во авионот. Остануваат уште многу натпревари, целта засега е да завршиме меѓу четирите најдобри во лигата, -рече Португалецот.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот