Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Консеисао по поразот на Милан: Ни недостасува фудбалска основа, можеме да зборуваме…

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан се посрамоти во Загреб на пресметката со Динамо и остана без директно место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Калчолигашот беше во одлична позиција пред средбата на „Максимир“, но поразот од 2-1 направи да го загуби местото во Топ 8 и сега да мора да игра дополнителна рунда, плејоф во кој еден од ривалите е и Јувентус.

-Инцидентите одеа против нас, но настрана ни недостасуваше фудбалска основа во првото полувреме. Спортот е составен од дуели, напаѓачки и одбранбени, од агресија. Првите 20-25 минути доаѓавме до последната третина, а потоа се обидувавме да направиме дополнителен допир, или не завршувавме, воопшто не шутиравме, тоа се индивидуални грешки. Може да се случат грешки, но треба повеќе да направиме.

-Со црвениот картон се се искомплицира, ги спуштивме главите и се обидовме да се вратиме во него. Израмнивме, се обидовме да го добиеме натпреварот и потоа скапа уште една индивидуална грешка. На ова ниво, дури и кога тимовите имаат малку да играат, тие се уште се тешки и ние треба да бидеме подготвени, -рече тренерот Сержо Консеисао кој очекува повеќе од играчите.

-Тоа зависи од гордоста во секој од нас, каде сакааѕ да се движат нивните кариери. Можеме да зборуваме за тактики, системи, динамика, но на моменти видовме – а тоа не е ново – мора да бидеме многу, многу поагресивни во дуелите и присутни на натпреварот. Ми се допадна второто полувреме, се обидовме да го победиме со 10 играчи. Не успеавме, сега треба да се фокусираме на следниот натпревар и да се обидеме да ја промениме оваа средина околу нас. Имаме време да го направиме тоа и мора да направиме повеќе, -подвлече Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни