Италија
Консеисао: Ова е неуспех, одговорен…

Милан не успеа да го совлада Феенорд во реваншот на „Сан Сиро“, а резултатот од 1-1 значеше елиминација за италијанскиот великан од Лигата на шампионите.
„Росонерите“ загубија во Ротердам и им беше потребна минимална победа во Милано да се изборат најмалку за продолжение, меѓутоа се случи сосема едно друго сценарио, Тео Ернандез на стартот на второто полувреме доби црвен картон, ситуација која гостите ја искористија и со голот во 73 минута се изборија за реми и место во наредната фаза.
Тренерот Сержо Консеисао ја презема одговорноста на себе притоа заштитувајќи го Ернандез кој направи глупост и два евтини жолти картони кои можеше да ги избегне на натпреварот.
-Ова дефинитивно е неуспех, сакавме да стигнеме до осминафиналето. Овој натпревар покажа дека сме посилни од нашиот противник и дека решавачките моменти ја направија разликата, исто како во Загреб: црвен картон таму, црвен тука. Може да се каже дека судијата беше премногу суров, но требаше да бидеме психички посилни. Јас сум одговорен, а не Тео. Ќе разговараме за тоа во соблекувалната. Тео му даде многу на Милан, а јас направив многу грешки во кариерата.
-Ние сме лути. Се до црвениот картон на Тео, Феенорд не знаеше како да дојде до нашиот гол. Разочарани сме и лути, -рече Португалецот кој посочи дека атмосферата во Милан не е најдобра.
-Дојдов пред месец и половина, но ме споредуваат со тренери кои беа тука со години. Не можевме да работиме со целиот тим; тренираме само со неколку играчи кои прават различни работи. Го освоивме единствениот трофеј што можевме да го освоиме, ние сме во полуфиналето на Купот на Италија, а во лигата, откако дојдов, освоивме 14 бода, додека Наполи има 15. Не е совршено.
-Атмосферата овде во Милан не е најдобра, а црвениот картон го докажува тоа – треба да работиме на ова. Верувај ми, не е лесно, не е лесно. Уште еднаш денеска покажавме дека можевме да избегнеме да дозволиме удари кон голот при создавањето шанси. Потоа црвениот картон на Тео промени сè. И тоа не остава навистина лути и разочарани. Знаете подобро од мене дека треба да ја промениме средината. Не зборувам за навивачите. За да ја промениме средината, мора да победиме. Сега ни претстои следниот натпревар во Торино: треба да го добиеме тој, потоа следниот и така натаму. И фокусот е на Копа Италија, -заврши Консеисао.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично