Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Консеисао откри зошто беснеел на Артета: Ми го направи истото што го направи и Гвардиола!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

Серхио Консеисао беше прилично лут и гневен по крајот на осминафиналето во Лигата на шампионите, а истиот го истури врз Микел Артета со кого се „зајаде“ уште по крајот на првиот меч во Португалија.

Тренерот на Порто му се втурна во лице на Шпанецот и му посвети неколку зборови со лут тон, па новинарите беа посебно заинтригирани за овој клинч кој го имаа двајцата фудбалски стручњаци.

Консеисао бил отворен пред претставниците на седмата сила и откри дека имал сериозно забелешки за менаџерот на Арсенал, поради тоа што доживеал слична ситуација како во минатото со Пеп Гвардиола.

– Не е важно што беше кажано, или не по крајот на мечот. Важно е тоа што беше кажано за време на мечот. Артета се сврте кон мојата клупа и почна да го пцуе моето семејство на шпански јазик. Очигледно има нешто со шпанските тренери, истото го направи и Пеп Гвардиола.

– На крајот на мечот му реков да обрне внимание што прави, бидејќи личност која ја пцуеше за жал повеќе не е на овој свет. Му порачав повеќе да се грижи за себе и својот тим, бидејќи со квалитетот кој го поседуваат, треба да играат поубав фудбал, – изјави Консеисао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни