Италија
Консеисао откри дека им држел лекции на играчите на Милан на полувреме: Не дојдов тука за да стекнам пријатели!
Сержо Консеисао не можеше да замисли подобро деби како тренер на Милан, од една страна поради фактот што оствари дерби победа против Јувентус, но и поради тоа што до триумф се дојде со пресврт во вториот дел.
„Росонерите“ прикажаа две различни лица на првиот меч со новиот тренер, но она далеку подоброто во вториот дел беше доволно за пресврт и победа од 2:1.
Тоа му донесе доволно добра причина за радост на поранешниот тренер на Порто, кој како познат човек кој лесно знае да избувне на клупата, самиот реши да открие дека бил посебно лут и нервозен на паузата меѓу двете полувремиња во Ријад.
– За време на паузата во соблекувалната не ми поделив бакнежи и прегратки на моите фудбалери. Всушност, бев прилично лут и бесен, тие не го правеа она што се договоривме и она што го подготвувавме.
– На фудбалерите понекогаш им се потребни убави зборови, но понекогаш им се потребни и тешки зборови. Ќе бидам искрен, јас не сум најљубезниот и најдобриот тренер кој сака да ги прегрнува своите фудбалери. Почесто сум нервозен отколку весел. Среќен сум што тимот ја сфати мојата порака, ја прифатија и одговорија позитивно на теренот. Очигледно брзо сфатија дека не сум тренер кој не се насмевнува лесно, јас не дојдов тука да стекнам пријатели, дојдов тука за да победувам, – порачува Португалецот.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан19 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија